Posted on во категоријата Македонија

Мицкоски: Со празнувањето на овој свет ден се продолжува негувањето на нашата традиција

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски упати честитка до поглаварот на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија, Архиепископ Охридски и Македонски г.г. Стефан …Продолжи да читаш

Posted on во категоријата Македонија

Мицкоски со честитка за Богојавление-Водици: Да надвладеат мирот, среќата, радоста, здравјето, добрината, хуманоста

„Дозволете ми во мое лично име и во име на ВМРО-ДПМНЕ, на членовите на Синодот, на ценетото свештенство и монаштво, како и …Продолжи да читаш

Posted on во категоријата Македонија

Заев: Празникот Водици повикува на духовна зрелост и добра волја како влог за подобро утре

На денешниот празник Богојавление-Водици, 1ТВ со директни линковски вклучувања од празнувањето во Скопје и во Охрид Посебен режим на сообраќај во центарот …Продолжи да читаш

Posted on во категоријата Македонија

Заев: Празникот Богојавление – Водици повикува на духовна зрелост

Претседателот на Владата на Република Македонија Зоран Заев, по повод верскиот празник Богојавление – Водици, упати писмо со честитки до Г.Г. Стефан, …Продолжи да читаш

регион

Posted on во категоријата Регион

Помина гласањето за доверба на Владата на Ципрас, на ред е договорот од Преспа

Грчкиот премиер Алексис Ципрас доби зелено светло при гласањето доверба во грчкиот парламент. По ова гласање, во парламентот ќе започне расправа по …Продолжи да читаш

Posted on во категоријата Регион

Неофицијално, гласањето за Договорот од Преспа во грчкиот Парламент во понеделник?

По добивањето на доверба на Владата од грчкиот Парламент, премиерот Алексис Ципрас следно што очекува е  ратификацијата на Договорот од Преспа, а …Продолжи да читаш

свет

Posted on во категоријата Свет

Андоновиќ во Студио 1: Посетата на Путин е обид да се формира руско влијание на Балканот

По ексклузивните снимки на 1ТВ  во Белград, разговорот во Студио 1 продолжи со Дејан Андоновиќ за тоа каква порака испрати посетата на …Продолжи да читаш

бизнис

технологија

Posted on во категоријата Технологија

Сината светлина од смартфоните може да предизвика слепило

Истражувањето на оптичките активности спроведено во Универзитетот во Толедо покажа дека синото светло може да ги претвори молекулите во очите во клетки-убијци. …Продолжи да читаш

Posted on во категоријата Технологија

Xiaomi прикажа унапреден сензор за отпечаток од прст во екранот (ВИДЕО)

Xiaomi е воглавно познат по агресивниот маркетинг и како компанија, која на пазарот пласира телефони со ниска цена. Меѓутоа, компанијата полека фаќа …Продолжи да читаш

култура

Posted on во категоријата Култура

СКРМ стана репрезентативен синдикат за вработените во културата

Синдикатот на културата на Република Македонија (СКРМ) официјално стана репрезентативен, кој ги застапува правата на вработените во областа на културата. Соопшти дека …Продолжи да читаш

Posted on во категоријата Култура

„Успех“ по македонско сценарио на “HBO Adria” – разговор со сценаристот Алчевски во Студио 1

Македонски сценарист, продукција на “HBO Adria” – серијата „Успех“, иако со само шест епизоди, ниже успеси на Балканот. Во исчекување на продолжението, …Продолжи да читаш

спорт

Posted on во категоријата Спорт

Македонија – Русија пред десет години и денес: Пет актери играат и во Вараждин и во Келн

Во јануари 2009 година во Вараждин, македонската ракометна репрезентација одигра еден од најдобрите натпревари на таа генерација водена од Илија Темелковски и …Продолжи да читаш

Мицкоски: Со празнувањето на овој свет ден се продолжува негувањето на нашата традиција

во категоријата Македонија

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски упати честитка до поглаварот на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија, Архиепископ Охридски и Македонски г.г. Стефан по повод христијанскиот празник Водици.

Дозволете ми во мое лично име и во име на ВМРО-ДПМНЕ, на членовите на Синодот, на ценетото свештенство и монаштво, како и на сите православни верници во Република Македонија и дијаспората, да го честитам големиот христијански празник, Богојавление – Водици.

Славејќи го Исусовото крштевање го прославуваме нашето духовното раѓање и почеток на човековото живеење во верата и богоугодниот пат. Со празнување на овој свет ден и празник се продолжува негувањето на нашата традиција и се потврдува нашата верба и почитување на традиционалните вредности кои се дел од нашето општество и дел од секој граѓанин.

Мирот, среќата,  радоста, здравјето, добрината, хуманоста да надвладеат на овој ден и во текот на целата година кај секој граѓанин. Заедно да се стремиме да ја постигнеме нашата конечна цел за поуспешна Република Македонија во која ќе живеат задоволни граѓани. Овој ден да е поттик да го сочуваме она што го имаме, нашата татковина, нашето име, јазик, култура и идентитет, а со тоа да го зацврстиме единството и да продолжиме да си помагаме и да ги унапредуваме вредностите кои се предност на нашето општество.

Денес нашата држава се соочува со тешки предизвици, со променето име, идентитет, со менување на карактерот на државата, со погазено достоинство, со економска сиромаштија. Сето ова мора да се смени. Поразите да бидат заменети со победи, исправени и обединети да ги смениме работите.

Во духот на овој голем празник да го поттикнеме најдоброто од нас и искрено да  си посакаме во нашите срца да се всели мирот и  разбирањето.

Нека ни е честит и вековит големиот христијански празник!

БОГ СЕ ЈАВИ!     НАВИСТИНА СЕ ЈАВИ!

1tv.mk: Преземањето на авторски содржини обајавени на оваа страница е дозволено само делумно (маx. до 30 насто од содржината) и со ставање хиперлинк до содржината којашто се цитира. Непридржувањето до ова правило ќе значи крадење на информациите и соодветно ќе се санкционира од страна на BMJ Мedia Group, согласно позитивните законски норми.

ИЗВОР: https://1tv.mk/

Мицкоски со честитка за Богојавление-Водици: Да надвладеат мирот, среќата, радоста, здравјето, добрината, хуманоста

во категоријата Македонија

„Дозволете ми во мое лично име и во име на ВМРО-ДПМНЕ, на членовите на Синодот, на ценетото свештенство и монаштво, како и на сите православни верници во Република Македонија и дијаспората, да го честитам големиот христијански празник, Богојавление – Водици.

Славејќи го Исусовото крштевање го прославуваме нашето духовното раѓање и почеток на човековото живеење во верата и богоугодниот пат. Со празнување на овој свет ден и празник се продолжува негувањето на нашата традиција и се потврдува нашата верба и почитување на традиционалните вредности кои се дел од нашето општество и дел од секој граѓанин.

Мирот, среќата,  радоста, здравјето, добрината, хуманоста да надвладеат на овој ден и во текот на целата година кај секој граѓанин. Заедно да се стремиме да ја постигнеме нашата конечна цел за поуспешна Република Македонија во која ќе живеат задоволни граѓани. Овој ден да е поттик да го сочуваме она што го имаме, нашата татковина, нашето име, јазик, култура и идентитет, а со тоа да го зацврстиме единството и да продолжиме да си помагаме и да ги унапредуваме вредностите кои се предност на нашето општество.

Денес нашата држава се соочува со тешки предизвици, со променето име, идентитет, со менување на карактерот на државата, со погазено достоинство, со економска сиромаштија. Сето ова мора да се смени. Поразите да бидат заменети со победи, исправени и обединети да ги смениме работите.

Во духот на овој голем празник да го поттикнеме најдоброто од нас и искрено да  си посакаме во нашите срца да се всели мирот и  разбирањето.

Нека ни е честит и вековит големиот христијански празник! БОГ СЕ ЈАВИ! НАВИСТИНА СЕ ЈАВИ!“, се вели во честитката на Мицкоски.

ИЗВОР: https://tv21.tv/

Двоглавиот орел – потекло и значење

во категоријата Култура

Реакции во јавноста деновиве предизвикуваат фотографии и јавни истапувања на политичари Албанци кои  со рацете го покажуваат знакот на двоглав орел. Тие што го покажуваат тврдат дека е без негативна конотација и оти е само знак на идентификација со нивната национална припадност. За оние што им пречи, пак, тоа е јавно и провокативно искажување на националистички и големодржавни претензии.

Двоглавиот орел во различни варијации денес е симбол содржан на државните знамиња или на грбовите на повеќе земји: Албанија, Србија, Русија, Црна Гора, едноглав орел има и на знамињата на Австрија, Германија, Полска, Чешка, Романија… Се среќава и на многу христијански обележја особено на териториите што во минатотото биле под власт на Византиската империја.

Потеклото на симболот што денеска најчесто се користи, сепак, датира многу подлабоко во историјата.

Двоглавиот орел, според историчарите и хералдичарите, е древен соларен симбол. Најстариот познат двоглав орел се појавува на цилиндричен печат на сумерскиот град Лагаш околу 2500 пр.н.е. Потоа се јавува во древните цивилизаци на Хититите од Анатолија.

Во словенската митологија орелот е божја птица, владетел на небесниот простор и заштитник од градоносните облаци. Орелот се јавува и во исламската традиција, каде што црниот стандард на Мухамед бил познат „знамето на орелот“ (иако тоа не прикажува орел, туку е целото црно).

На овие простори двоглавиот орел се јавува како византиски амблем, симбол на моќта на „вселенското царство“ од времето на династијата Комнен.  Ја претставува двојната власт на царот – световната и духовната, но и византиската царска надмоќ над Истокот и Западот. Едната глава го претставува Источното, а другата Западното Римско царство. Од Византија двоглавиот орел се проширува низ земјите кои биле под нејзино влијание, станувајќи многу застапен хералдички мотив и на државните и на црковнте власти. Двоглавиот орел денес е и еден од најпрепознатливите симболи на православието и како таков е присутен на многу сакрални предмети по црквите. Двоглавиот орел е симбол и на Вселенскиот патријарх во Цариград и се користи во црквите и манастирите под негова јурисдикција, како и на  Света Гора, монашката република на Атос.

Ромејски грб

Според преданието неговите корени потекнуваат уште од самите почетоци на првото христијанско царство – Ромејското. Имено, кога светиот цар Константин Велики (306-337) ја обединил разединетата Римска империја и станал единствен нејзин господар, го вовел двоглавиот орел како симбол на единството – две глави (Истокот и Западот) во едно тело. Од времето на ромејскиот василевс (владаетел) Исак Комнен (1057-1059) двоглавиот орел се користи и како декоративен мотив на царскиот двор и на церемонијалните одежди на членови од царската фамилија. Овој знак го добива и своето друго значение – го симболизирал единството помеѓу црквата и државата, што делувала по принципот на симфонија, согласие помеѓу духовната и световната сфера во христијанското општество.

По заземањето на Константинопол од страна на Латините (1204 г.), двоглавиот орел продолжил да се користи од земјите наследнички на Ромејското царство – Епир, Никеја и Трапезунт. Никејските владетели го користеле како ознака за источните и западните владенија на некогашната пространа империја, а кои владенија, сакале повторно да ги освојат. Со возобновувањето на Ромејското царство (1261 г.), со константинополскиот трон завладејува династијата на Палеолозите. Под влијание на западната хералдика, оваа царска фамилија го направила двоглавиот орел свој официјален грб, но тој се поистоветувал не само со династијата, туку и со целото царство. Притоа, орелот на Палеолозите бил со златно-жолта боја на порфирна позадина (тоа биле бои кои ја означувале царската власт). На средината од орелот била изобразена симпилема (династички монограм), а канџите на орелот биле слободни. Надвор од царската фамилија се употребувал црн орел на златна заднина (орелот бил црн – како сенка на владетелскиот златен орел).

Во подоцнежните векови се појавиле неколку различни изобразенија на двоглавиот орел. Има претстави во кои орелот држи сфера со крст (како ознака на православната екумена) во едната од канџите и меч (симбол за победа и правда) во другата. Се среќаваат и претстави во кои орелот држи скиптар и крст, два меча, или пак, меч и сфера.

Двоглавиот орел од Византија се раширил и во другите земји што духовно и културно се надградувале, црпејќи од неа. Русија го презела двоглавиот орел во времето на Великиот кнез Иван III (1462-1505). Откако кнезот Иван се оженил со византиската принцеза Софија Палеолог, се прогласил себе си за легитимен наследник на ромејските цареви. Московскиот двор бил преуреден по углед на византискиот царски двор; многу работи биле преземени од Византија, вклучително и двоглавиот орел.

И Хабзбуршката монархија го прифатила двоглавиот орел од Ромејското царство, а тука се уште и Бугарија (го користела во врмето на царот Иван Александар (1331-1371)), Србија, Црна Гора.

Ѓорѓи Кастриот, пак, во неговата борба против Османлиите, го зел двоглавиот орел како симбол на православната Византија и го направил свое востаничко знаме. Подоцна, тоа знаме, модифицирано и прилагодено за новосоздадената албанска држава, станало и официјално знаме на Албанија.

Но, не биле само световните власти кои го преземале двоглавиот орел како државно обележје. Византија била теократска православна монархија, со устројство што претсавувало мирски (земски) образ на небесната хиерархија. Световното и духовното биле тесно поврзани и се надополнувале едно со друго. Оттаму, и двоглавиот орел се јавува како симбол на тоа двојство, но истовремено и на нивното единство. Па, затоа, тој нашироко се користи и во православната црква ширум светот, како еден од симболите на православието и православната држава. И црквите во Македонија не се исклучок од тоа. Кај нас, тукуречи, и да нема постара црква во која не се сретнува двоглавиот орел. Таква појава се и двата орли од Бигорскиот манастир. Тие денес се наоѓаат прилепени однадвор, на северо-западниот дел од северниот ѕид на манастирската црква.

Oвие двоглави орли се изобразени во плиток рељеф на две мермерни плочи со правилна шестоаголна форма. И во двата на средината е извајана годината 1795. Наоколу на плочите стојат натписи во кои се споменуваат имињата на ктиторите на црквата: игуменот Тарасиј, архиѓаконот Стефан и папуџијата Велјан. Првобитно овие плочи се наоѓале внатре, во црквата – едната, во амвонот под големото кубе, а другата, под малата купола. Служеле за да ја означат годината на изградба или доградба на црквата (станува збор за постарата црквичка на чие место, подоцна, во времето на игуменот Митрофан, била изградена денешната голема црква). Обичај било кога ќе се изгради некоја црква, годината на изградба да биде впишана во плоча со двоглав орел. Овој симбол се користел од почит кон традиционално наследство на Ромејското царство. Ваквата постапка била практикувана при изградбата на повеќето храмови, без разлика во кое време и под чија јурисдикција биле изградени.

Двоглавиот орел во Албанија

На територијата на Албанија двоглавиот орел се појавува во 15 век како симбол на семејството Кастриот, Јован – Ѓон Кастриот и Ѓерѓ – Ѓорѓи Скендербег. Амблем двоглав орел со шестокрака ѕвезда меѓу главите  се гледа од печатот на документ испратен од Ѓорги (Ѓерѓ) Кастриот Скендербег до папата Пиј II во 1459 година.

Црвеното знаме со двоглав црн орел како албански национален симбол почнува да го употребува Призренската лига во 1878 година. Како државно знаме, на предлог на Исмаил Ќемал, се воведува со декларацијата за независност донесена во Валона на 28 ноемри во 1912 година. Во времето на социјализмот и Енвер Хоџа, на државното знаме имаше петокрака, но по падот на комунистичкиот режим, Република Албанија во 1992 година ја острани, а го остави само двоглавиот орел.

Во Македонија

На територијата на Македонија орелот се среќава на монети со Аминта трети во 4 век пне., потоа од времето на владењето на Римската империја. Орелот го има и на парите што ги ковал деспот Углеша, братот на кралот Волкашин, ктиторот на Марков манастир, а од 14 век станува чест мотив во црквите и манастирите. Двоглавиот орел станува и редовен дел од накитот на женската носија, обично како тока на која се поврзани низите со пари, но сепак најчестата употреба како симбол во Македонија е преку традицијата на православната црква.

Двоглавиот орелот денес е симбол на две зедници во Македонија – на албанската и на српската. Во 2005 е донесен Законот за знамињата на заедниците во РМ со кој се дозволува употреба на знамињата кои тие ги избрале како симбол на својата заедница. Со законските дополнувања од 2011, знамињата на заедниците се истакнуваат заедно со државното знаме кое мора да е за третина поголемо од она на заедниците. Албанците и Србите во Македонија како свои симболи ги имаат избрано знамињата на Албанија односно на Србија.

За повеќе инфо на овој линк: https://1tv.mk/category/kultura/

Во Вашингтон се одржа годинешниот „Марш за живот“

во категоријата Свет

Повеќе илјади противници на правото на абортус синоќа учествуваа во Вашингтон на годинешниот „Марш за живот“, кој доби поддршка од американскиот претседател Доналд Трамп.

Тој им се обрати на демонстрантите преку видео порака истакнувајќи дека ќе стави вето на кој било закон со кој Конгресот „би ја ослабнал заштитата на човековиот живот“.

– Од Белата куќа до вашите домови, животот повторно победува во Америка, изјави жестокиот противник на абортусот потпретседателот на САД, Мајк Пенс пред насобраниот народ, кој ја оспорува пресудата на Врховниот суд во случајот „Ро против Вејда“, со кој на 22 јануари 1973 година е легализиран абортусот.

Годишнината од одлуката е можност за конзервативната и христијанска десница преку протести да побара измени на Законот.

Трамп во Врховниот суд постави двајца судии кои се против абортусот, поради што се стравува дека би можеле да бидат промените актуелните прописи.

За повеќе инфо на овој линк: https://1tv.mk/category/svet/

Историјата се повторува: Штербик го менува Коралес на голот на Шпанија!

во категоријата Спорт

Поранешниот голман на Вардар, Арпад Штербик, како и минатата година на Европското првенство во Хрватска, е повикан да настапи во составот на Жорди Рибера на Мундијалот во Данска и Германија.

39-годишниот чувар на мрежата ќе пристигне како замена за повредениот Родриго Коралес. Овој случај наликува на оној од пред точно една година, кога Штербик доби шанса и блесна во полуфиналето против Франција, а потоа и во финалниот меч против Шведска во кој „црвената фурија“ славеше со 29-23 и стигна до првата историска европска титула во својата историја.

Доаѓањето на искусниот голман нема да значи дека Коралес ќе ја напушти базата на Шпанците. Тој ќе остане со своите соиграчи со оглед на тоа што не се работи за сериозна повреда на задната ложа.

Шпанија денес дебитира во втората фаза против Франција која исто така има повратник во екипата во Никола Карабатиќ.

Извор: https://www.gol.mk/

Заев: Празникот Водици повикува на духовна зрелост и добра волја како влог за подобро утре

во категоријата Македонија

На денешниот празник Богојавление-Водици, 1ТВ со директни линковски вклучувања од празнувањето во Скопје и во Охрид

Посебен режим на сообраќај во центарот на Скопје и во општините Ѓорче Петров и Аеродром за време на одбележувањето на празникот Богојавление-Водици,

Заев: Празникот Водици повикува на духовна зрелост и добра волја како влог за подобро утре

Судењето за „Насилство пред општина Центар“ продолжува на 6 февруари

Нова демократија: Ципрас во Парламентот ќе одговори зошто даде македонска националност и јазик

Европарламентот го услови користењето на фондовите на ЕУ со владеење на правото

НАЦИОНАЛНАТА ТЕЛЕВИЗИЈА 1ТВ СИТЕ ГЛЕДАЧИ МОЖАТ ДА ЈА СЛЕДАТ НА КАБЕЛСКИТЕ ОПЕРАТОРИ: MAXTV; VIP; TELEKABEL; NEOTEL; ONE.VIP; TOTAL TV

ЗА СЛЕДЕЊЕ НА ПРОГРАМАТА ВО ЖИВО: WWW.LIVE.1TV.MK

ПРОСЛЕДЕТЕ ГИ СИТЕ ВИДЕО СОДРЖИНИ НА YouTube КАНАЛОТ НА 1ТВ

ИЗВОР: https://1tv.mk/

Заев: Празникот Богојавление – Водици повикува на духовна зрелост

во категоријата Македонија

Претседателот на Владата на Република Македонија Зоран Заев, по повод верскиот празник Богојавление – Водици, упати писмо со честитки до Г.Г. Стефан, Архиепископ на Македонската православна црка – Охридска архиепископија и на Јустинијана Прима, и до сите православни верници во Република Македонија во кое упатува желби големиот христијански празник на сите да им донесе изобилство од радост, здравје и успеси.

„Празникот Богојавление – Водици повикува да се очистиме од гревовите на алчноста, од гревовите на гневот и омразата.

Со крштевањето во осветените води, празникот не повикува да ја прифатиме духовната зрелост, да си простиме, и смирено и со љубов да си посакаме добра волја како влог за подобро утре.

Нека ни е честит и вековит, големиот христијански празник Богојавление – Водици“, се вели во писмото со честитки на Претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев по повод празникот.

 

ИЗВОР: https://tv21.tv/

Македонија – Русија пред десет години и денес: Пет актери играат и во Вараждин и во Келн

во категоријата Спорт

Во јануари 2009 година во Вараждин, македонската ракометна репрезентација одигра еден од најдобрите натпревари на таа генерација водена од Илија Темелковски и ја победи моќната Русија на Владимир Максимов со 36-30. Натпреварот се памети по неверојатната поддршка на нашите фанови во Хрватска и прекрасниот гол на Кире Лазаров од контра напад, на начин на кој гледалиштето започна да го слави големиот триумф.

Десет години подоцна се среќаваме со една сосема нова Русија, во која сепак има еден стар познаник од тој дуел во Вараждин. Вардарецот Тимур Дибиров како младо талентирано крило настапи против Кире и Борко, Филип Лазаров и Велко Маркоски, единствените кои и натаму играат во нашиот национален тим и денес.

Прашање е каков денес ќе биде дуелот за пласман од 13-16 место, но со сигурност нема да биде како оној пред една деценија. Којзнае, можеби и некои од овие актери од Вараждин пред десет години не настапат. Можеби Македонија е поискусна, но во меѓувреме Русија под Кокшаров созреа и намачи и многу посилни селекции од себе.

Во меѓувреме двете селекции се сретнаа и на Светското првенство во Шпанија во 2013 година и со феноменална партија на Никола Митревски ремизиравме против моќната Русија.    

Извор: https://www.gol.mk/

Утринава алармантна загаденост во Македонија, Битола најзагаден град во Европа

во категоријата Македонија

Утринава низ цела Македонија, а особено во скопскиот и во пелагонискиот крај, има екстремна загаденост.

Битола во моментов е најзагадениот град во Европа, а Скопје синоќа беше најзагаден во Светот.

Нешто помала загаденост има во тетовскиот како и во струмичкиот регион, а исто така ПМ10 честички повисоки од дозволеното има и во Кавадарци, Кичево и Виница.

ИЗВОР: https://tv21.tv/

оди на почеток

cheap Ncs yeti cup free sex video NCS European websites cheap Ncs anello backpack Japan porn video Ncs Shopping Ncs National news Asian sex video cheap Ncs swissgear backpack free sex movie