Прифатен е амандманот на буџетот, поднесен од пратеничките на ДОМ, за дополнителни 5 милиони денари за акредитација на централна лабораторија.
 
„СДСМ вчера имаше шанса да усвои какво сака автентично толкување, без да има опструкција од кого било во собраниската Комисија за законодавни правни прашања.
 
Јавното обвинителство на Љубомир Јовески наместо истраги кон СЈО, денеска целосно сака да го преземе СЈО, онака како му е наметнато од власта, изјави на прес-конференција портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски.
 
На 11 декевмри на собраниската седница ќе се најдат измените на Законот за јавнообвинителска служба со кој треба да се реши статусот на вработените во СЈО.
 

„Дојче телеком“ ги стопираше понудите за 5G-мрежата

Дојче телеком (ДТ) објави дека ги суспендира сите понуди поврзани со развојот на 5G-мрежата.Компанијата соопшти дека одлуката е донесена бидејќи се чека Германија да ја потврди својата позиција за потенцијалните безбедносни ризици во врска со кинескиот снабдувач на опрема - „Хуавеј“.
 

Русија протера бугарски дипломат

Руската влада протера бугарски дипломат откако Софија одби да издаде виза за рускиот одбранбен аташе, објави денеска бугарското Министерство за надворешни работи.
 
Експремиерот Никола Груевски преку статус на „Фејсбук“ ја коментираше замислата што ја имала неговата Влада за креирање на меѓународна финансиска зона во Скопје.
 
Французите претрпуваат сериозен хаос и нарушувања во транспортот, бидејќи милиони работници се заканија дека ќе штрајкуваат во знак на протест поради тоа што ќе бидат принудени да се пензионираат подоцна или ќе се соочат со намалени пензии.
 
Бугарскиот претседател Румен Радев им порача на лидерите на земјите членки на НАТО, дека иднината на Алијансата не ја гледа како сојуз на произведувачи и клиенти. Наместо тоа, според него, НАТО би требало да биде сојуз од партнери кои заедно ќе ја развиваат безбедноста, високата технологија и производството на воена опрема, пренесе БТА.
 
Првата дама на САД, Меланија Трамп, ја предупреди професорката која за време на сослушувањето во процесот на отповикување на Доналд Трамп направи шега на сметка на името на нивниот син, Барон.
 
Џесика Бил изгледа доста нерасположена и напната додека шета сама низ улиците на Лос Анџелес, откако сопругот Џастин Тимберлејк беше прикажан како се држи за рака со Алиша Веинрајт, актерка со која глуми во нов филм.
 
Францускиот претседател уште еднаш повтори дека е против отворање пристапни преговори пред реформите на преговарачкиот процес.
 

Казна за загадувач кој фрли отпадни води во Бардовци

Со глоба во износ од 50 евра, казнето е физичко лице, за сторен прекршок – испуштање на отпадни води на јавна површина, во населеното место Бардовци.
 

Облачно и студено со температура до 8 степени

Преку ноќта од север се намали облачноста, но на југ и понатаму остана претежно облачно. Понекаде по котлините имаше магла утринава и понекаде дува слаб ветер.
 
Неколку месеци откако е отворен првиот крематориум во Грција, Грчката православна црква се уште се противи на кремирањето и одбива верски погреб во случај на кремирање на покојникот.
 

Без струја делови на Чаир и Сопиште

Од „ЕВН Македонија“ информираат дека се планирани следните технички зафати во електросистемот на Град Скопје и без електрична енергија ќе останат делови на Чаир и Сопиште.
 
Весникот „Монд“ пишува дека руски шпиони ги користеле Француските Алпи како главен камп за операции во Европа.15 припадници на руското воено разузнавање биле активни на континентот од 2014 година, а последен пат преминале преку Франција во септември 2018 година.
 
Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, рече дека ЕУ го сака Западен Балкан на своја страна.
 

© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.