Loading...

Која e храната што најмногу исцрпува

Ако се прашувате зошто секое попладне се случува истото – нивото на вашата енергија значително се намалува и вие почнувате да се чувствувате многу уморни, тогаш можеби тоа е поради храната што ја конзумирате.

Веројатно токму вашата омилена закуска или ручек се причината за попладневните часови исцрпеност, што може да бидат само катастрофални, ако за тоа време од денот чекате куп обврски.

Еве и кои се храните што ве заморуваат:

1. Банани. Храната богата со магнезиум како бананите и семки од тиква, на пример, може да ве натераат да се чувствувате уморни. Магнезиумот е всушност мускулен релаксант, кој е одличен за времето пред спиење, но не и во текот на денот, бидејќи влијае на нивото на вашата енергија.

2. Бел леб. Ако сте консумирале храна со висок гликемиски индекс (како бел леб и бел ориз), наместо пченкарен, тогаш вие сте пропуштиле важни елементи за организмот кои ќе ве држат во кондиција. Храната со висок гликемиски индекс нема многу растителни влакна, и не ви дава постојан прилив на енергија.

3. Црвеното месо. Високата содржина на масти во црвеното месо како стекови и хамбургери може да ве направи поспани. За да се распадне црвеното месо, на телото му треба многу енергија. Затоа вие не можете да бидете доволно фокусирани. Најдобро заменете го црвеното месо со лосос, бидејќи во неа се содржат омега-3 масни киселини. За нив е докажано дека ја подобрува мозочната функција и концентрацијата.

Совети: Како да ја пораснете побрзо вашата коса

Како што веќе докажавме теорија, долгата коса е еднa од најпривлечните женски богатства. Убавата кратка коса умее да ги моделира цртите на лицето на начин на кој ниту една друга фризура не може, но долгата и одржувана коса останува неоспорен наш фаворит и вечна класика во жанрот.

За да не ги споменуваме само придобивките, но и да бидеме целосно практични, ви претставуваме некои совети со кои ќе го забрзате процесот на раст на вашето влакно.

1. Правилна исхрана.

Доколку се придржувате кон некаков режим на исхрана, имајте на ум дека тоа неминовно се одразува на вашата кожа и коса. Здравата исхрана, која вклучува комбинација од протеини и хранливи материи, е совршено решение. Јадење на балансирана исхрана го штити фоликулот. Оревите, особено бадемите, како и лососот се исклучително добра опција.

2. Не претерувајте со диетата.

Многу убаво не е на убаво. И во таа смисла правете ги работите со граници. Не претерувајте со диетата, за да не се добие ефектот “јо-јо”, што е најмногу штетен процес за вашето тело. Секоја една ненадејна промена го докажува своето влијание врз косата и може да ја уништи.

Како да ја отстраните лошата енергија во домот: Календар, поставен на погрешно место …

За дом без негативна енергија, избегнувајте следните пет мали ситници кои носат лоша среќа:

1.Oгледало насочено кон креветот

Се смета дека огледалото кое е насочено кон креветот може да доведе до проблеми во врската, бидејќи пушта странични влијанија.

2. Црна врата

Бојата на влезната врата се избира според тоа на која страна е свртена. Црна врата е дозволена само ако таа гледа на север, инаку во вашиот дом ќе ја поканите лошата среќа.

3.Растенија со боцки

За остри, шилести предмети, исто така се смета дека носат лоша среќа, па за кактусите не е препорачливо да бидат сместени во вашиот дом.

4. Календар на погрешно место

Календарот закачен на влезната врата на домот е потсетник за минливоста на животот, и се смета дека така се одразува на животот.

5. Слика со бродолом

Сликата со бродолом претставува загриженост, што може да влијае врз однесувањето и енергијата.

Одзатнете нос со помош на една состојка која ја имате дома (рецепт)

Познато е дека нашите баби се лекувале со природни и состојки кои ги имаат дом и токму затоа ви го пренесуваме овој чудотворен рецепт за проблемот со затнат нос, пишува Македонија Денес.

Рецептите на нашите баби се медицински евергрини, нешто што никогаш не излегува од мода и нешто по што сите прво посегнуваат кога имаат било каков медицински проблем. Луѓето кои имаат проблеми со алергии, затнат нос, често кивање, треба да го прочитаат овој текст.

Се што ви е потребно засекогаш да се решите од затнат нос е сода бикарбона.

Рецепт: Потребно ви е тенџере во кое ќе налеете вода и ќе ја оставите да зоврие. Кога тенџерето ќе го тргнете од рингла, истурете кесичка сода бикарбона, наведнете се над тенџерето и вдишувајте го испарувањето. Тоа се нарекува напарување. Правете го ова три пати на ден за време на пет дена.

Совет: Преку главата за време на напарувањето ставете пешкир за да топлината и исправувањето на сода бикарбоната не кружат помеѓу површината на водата и вашето лице. После третманот ставете капа, особено водејќи сметка предниот дел од капата да ги прекрие синусите. Обидете се да не излегувате надвор барем половина час за да не ги настинете дополнително синусите.

Четири златни хороскопски знаци кои го владеат зодијакот

Тоа се знаците кои успеваат да се справат со сите тешкотии со кои животот ги остава. Управуваат со судбината и успеваат да излегуваат од секоја ситуација.

Тие се луѓето на кои сите останати се потпираат и се натоварени со тешката задача да им помагаат на околните, поради целата сила која ја поседуваат.

Бик

Биковите и љубовта – На вечното прашање што ги дефинира нивните животи. Претставниците на овој знак се родени да сакаат и да бидат сакани, но животот ги поставува пред голем предизвик – времето. Кај нив вистинската љубов доаѓа подоцна отколку што очекуваат и често пати се нетрпеливи, но никогаш не губат надеж. Кога сепак се појави, животот им стекнува друга смисла и стекнуваат сила и увереност со кои можат да се искачат во светот. Нивниот живот е збир од пријатни случајности и успесите им доаѓаат со леснотија, бидејќи имаат неверојатна среќа. Претставниците на овој знак се луѓе за кои многумина сонуваат. Жените бикови се божици и боговите во очите на својот партнер, ништо не им недостасува и за тоа имаат стабилни и долги врски.