• Историјат


  • Археолошкиот музеј на Република Северна Македонија презентира движно културно наследство, поточно околу 7.000 археолошки предмети откривани со археолошки истражувања на целата територија на Р. Македонија во текот на изминатите 93 години и претставува најзначајна и најстара музејска установа во Македонија.Посетителите може да уживаат во артефактите изложени во одделите за: праисториска археологија, античка археологија, средовековна археологија, нумизматика, антропологија и лапидариум.

    Повеќе

Тумба Маџари

Големо Градиште - Коњух

Архео Парк Бразда

Куршумли Ан

Требениште

Настани


Едукативна работилница за лицата со попреченост од здружението Dua Ylberin

Во Археолошкиот музеј денеска се одржа едукативна работилница за лицата со попреченост од здружението Dua Ylberin Музејот се вклучи во тековната кампања за лицата со попреченост кои се секогаш наши добредојдени гости ♥️

Повеќекратни неандерталски населувања во пештерата Голема Пешт во Поречјетo

Палеолитското наоѓалиште Голема Пешт се наоѓа на 65 км од главниот град Скопје во близина на селото Здуње и над новоформираното езоро Козјак (некогашна река Треска). Пештерата е долга 35 м и широка 18м, има мало плато пред неа и поглед и прегледност на целата околина и кон север кон југ. Досега се поставени различни […]

Почеток на соработка со Институтот Јунус Емре

Вчера во Куршумли ан се состанаа директорите на НУ Археолошки музеј на Република Северна Македонија, Горан Санев, НУ Музеј на Република Северна Македонија, Јован Шурбановски и на Турскиот културен центар “Јунус Емре”, Серхат Кула. Во присуство на стручниот кадар од обата музеја се разговараше за оптимизирање на оперативните начини за отпочнување на реализација на проектот […]

Балканската група за музејска пристапност започна со изработка на анализа за пристапност на лица со попречености

Консултантите за пристапност, д-р Ирена Ружин и Милена Милошевич Мицич, кои се членови на Балканската група за музејска пристапност, започнаа со изработка на анализа за пристапност на лица со попречености во Археолошкиот музеј. Целта на оваа анализа е отстранување на бариерите и овозможување на непречен пристап во музејот на сите лица со попречености.

“Црвен петел, црна кокошка” од денес гостува во Етнографскиот музеј во Софија, Бугарија

Изложбата “Црвен петел, црна кокошка” која е соработка помеѓу Археолошкиот музеј и Музејот на Република Северна Македонија, од вечерва гостува во Етнографскиот институт и музеј при БАН во Софија и истата ќе биде отворена до крајот на јануари 2020 година. На почетокот на оваа година изложбата беше претставена пред загрепската јавност во Етнографскиот музеј во […]

Членовите на Светската царинска организација во посета на музејот

Членовите на Светската царинска организација денес беа во посета на Археолошкиот музеј како дел од програмата на тридневната 14 та Конференција за партнерство во царинското истражување и развој – ПИКАРД која за прв пат оваа година се одржа во Скопје. Мотивот “Големата мајка” беше искористен за лого на овогодинешната меѓународна конференција ПИКАРД.

Хуманитарна акција по повод Светскиот ден за борба против сиромаштија

Археолошкиот музеј се приклучи во хуманитарната акција организирана од здружението Љубезност Вистински Дела На Љубезност Real acts of kindness за одбележување на Светскиот ден на гладта (16 октомври) и Светскиот ден за борба против сиромаштијата (17 октомври). Освен донираната облека од страна на вработените, за оваа хуманитарна акција Археолошкиот музеј одвои и средства за набавка на храна […]

Трета година од археолошкиот проект за истражување на Охридскиот Регион

Проектот „Погранични студии-Истражување на идентитетот и културните контакти во пограничната област на Античка Македонија во регионот на Охридското езеро” се реализира веќе трета година во соработка на НУ Археолошки музеј на Р. Северна Македонија и Карловиот Универзитет од Прага, Р.Чешка. Партнери на овој проект се НУ д-р Никола Незлобински – Струга и НУ Завод за […]

Наскоро