Почетна

Киносенс е местото кое ѝ даде една нова димензија на забавата. Позиционирано на две локации – во Скопје Веро Центар (1-ви кат) и во Тетово во Палма Мол (2-ри кат), Киносенс претставува секојдневно собиралиште на децата, но и на оние повозрасните кои се љубопитни да доживеат нешто ново и возбудливо, собиралиште на оние кои едноставно сакаат да го “почувствуваат филмот.”

Киносенс ја донесе кај нас најновата технологија на проектирање на филмови во 3Д, сето тоа збогатено со дополнителни ефекти кои даваат единствено филмско доживување. Оваа технологија направи гледачите да излезат од улогата на набљудувачи и вистински да “влезат” во филмот, чувствувајќи движења и сензации кои соодветствуваат со она што се случува во филмот. Тука се аромите, вибрациите, чадот, ветрот, капките дожд кои паѓаат на вашето лице, снегот, допирите – низа ефекти кои го прават ова “возење” незаборавно искуство како за децата, така и за возрасните.

На репертоарот се кратки анимирани филмови кои се емитуваат по ваш избор, но покрај тоа Киносенс нуди и можност за организирана забава. Просторот овозможува организирање на роденденски забави и нуди различни роденденски понуди кои покрај билети за проекциите вклучуваат и интересно мени по ваш избор.

Последно изненадување од Киносенс е игротеката која ќе стартува многу наскоро и ќе понуди забава за дечиња од сите возрасти, со специјално бејби-катче дури и за оние најмалите. Тркање на три големи тобогани, трамболина, пукање со airgun пневматски пушки, катче за родендени – ова е само дел од содржините на Киносенс игротеката.